среда, 26 јули 2017  |  Вести денес: 0

Адвокат: Абдеслам сака да соработува со властите

Учесникот во терористичките напади во Париз Салах Абдеслам сака да соработува со француските власти, соопшти неговиот белгиски адвокат, а пренесува АФП.

salah-abdeslam-naslovna

Поврзани вести

Учесникот во терористичките напади во Париз Салах Абдеслам сака да соработува со француските власти, соопшти неговиот белгиски адвокат, а пренесува АФП.

Абдеслам беше уапсен во полициска акција во бриселското предградие Моленбек кон средината на март и беше ранет во ногата.

Тој е главен осомничен за терористичките напади на 13-ти ноември во кој беа убиени 130 лица, а оттогаш беше во бегство.

Неколку дена по апсењето на Абдеслам се случија терористичките напади во Брисел поради што многумина сметаа дека нападите се одмазда за апсењето на Абдеслам.

Абдеслам, според коментаторите и аналитичарите успевал да им побегне на властите и затоа што помеѓу мислиманското население во бриселските предградија, а пред се во Моленбег владеела вистинска вистинска завера за молк околу се’ што е поврзано со исламскиот екстремизам, тероризмот и заминувањето и враќањето на џихадистите од Сирија, како што е Абдеслам.

Како што пренесе канцеларијата на францускиот обвинител, Абдеслам истакнал дека требало да се саморазнесе на 13-ти ноември но дека се откажал.

Изјави дека сакаше да се крене во воздух на фудбалскиот стадион Стад де Франс, но дека се откажал од тоа. Неговите зборови поставуваат низа прашања на кои што би требало да дадеме одговор, вели францускиот обвинител Франсоа Молен.

Тој пред белгиската полиција открил дека неговиот брат Брахим Абдеслам е главен организатор на нападите во Париз во кои што настрадаа 130 лица.

Салах тврди дека автомобилите и становите ги изнајмувал по наредба на братот Брахим, којшто се разнесе за време на нападот во Париз.

Кога требаше да платам било што во врска со организацијата на нападот Брахим ми даваше пари, рече тој.

Најчитани вести