Спорт

Адвокат вети пласман на Србија на ЕП 2016

Адвокат вети пласман на Србија на ЕП 2016

Искусниот холандски стручњак, Дик Адвокат и официјално е претставен како нов селектор на фудбалската репрезентација на Холандија.

Поранешниот предводник на Холандија и Русија откри дека Србија нема друга опција на располагање освен да обезбеди пласман на престојното Европско првенство во Франција.
“Србија има само една опција на располагање, а таа е пласман на ЕП 2016. Мора да имаме успех во престојните квалификации, за нас не постои некоја друга опција. Мора да размислуваме само во таа насока. Пред 14 дена добив понуда од Фудбалската федерација на Србија. Претходно одлучив дека нема да се вратам во клупските води, бев достапен само за неколку репрезентации. Искрено, парите не беа главниот услов, повеќе ме интересираше квалитетот на репрезентативците. Сватив дека можеме да бидеме многу успешни во квалификацискиот циклус и затоа ја прифатив оваа понуда”, изјави Адвокат.