Македонија

(ВИДЕО) Адвокатите од „петни жили“ се обидуваат да го извлечат Заев

(ВИДЕО) Адвокатите од „петни жили“ се обидуваат да го извлечат Заев
Адвокатите од „петни жили“ се обидуваат да го извлечат Заев

Адвокатите на опозицискиот лидер Зоран Заев, кој е обвинет за примање поткуп од 200.000 евра со очигледна лага се обидуваат да го извадат Заев дека немало поткуп, тврдење кое веднаш се демантира со снимката од која јасно се гледа дека Заев бара поткуп од споменатата сума, пишува „Курир“.

kaj-viceto

 

Адвокатите од „петни жили“ се обидуваат да го извлечат Заев. Tие денеска излегоа со тврдење дека поткуп немало и побараа да се одбие обвинителниот акт со кој се сомничи Заев дека зел поткуп од негов сограѓанин. Обвинителството, кое го гони Заев за примање поткуп и одбраната на лидерот на опозицијата, на денешното рочиште за оценка на обвинителниот акт пред Советот на Кривичниот суд, истакнаа дека имаат цврсти докази.

Обвинителството тврдеше дека постојат цврсти докази со кои се докажува делото, а на очиглед на целата јавност изминатиот период се појави и видеото на кое јасно се гледа како Заев бара мито од 200.000 евра.

За разлика од ова, адвокатите на Заев сметаа дека кон кривичното дело примање поткуп тенденциозно биле додадени повеќе ставови со цел да се потенцира тежината на наводното извршено кривично дело. Изнесувајќи ги главните поенти на приговорот, адвокатот Филип Медарски истакна дека описот на кривичното дело во обвинителниот акт не ги содржел главните елементи на кривичното дело примање поткуп, односно не постоеле службени дејствија што ги презел Заев како градоначалник на општината.

Адвокатите го кажуваат она за што се платени, но едно се зборовите, а друго е реалната вистина. Реалноста која ја покажува видеото кое се појави на Јутјуб е тоа дека на истото јасно се гледа и слуша дека Заев бара мито од 200 000 евра. Заев прецизно дава насоки дека за работата која тој ќе ја заврши треба да му биде дадено мито, кое како што Заев сам кажува треба да биде уплатено кај неговиот брат Вице Заев.

Она што е дополнително скандалозно е тоа дека Заев во видеото отворено признава дека ваквиот тип на коруптивно однесување е стандардна пракса во неговото работење. Тој истакнува и конкретни примери во кои на ваков коруптивен начин и со добивање на мито ја завршувал работата. Ова е тежок скандал и ова го покажува по кој знае кој пат вистинското лице на Зоран Заев кој е влезен до гуша во корупција.

Струмичкиот градоначалник во ова видео јасно ја открива неговата шема за земање мито која е едноставна – Една третина од секоја зделка оди директно во неговиот џеб.

Талер за барање мито доби 2,5 години затвор

Поранешниот словенечки министер за надворешни работи Зоран Талер кој во Европскиот парламент беше и известувач за Македонија за ист ваков случај во кој прифати мито од 100.000 евра доби две години и шест месеци затвор.

Талер падна во замка на весникот Сандеј Тајмс чии новинари се претставиле како лобисти кои за награда од 100 илјади евра побарале да влијае врз усвојување на закон во Европскиот парламент. Тој прифатил за 100.000 евра годишно да поднесе амандмани на законска регулатива, со кои би се олеснило финансиското работење на банките во Европа. Парите ги понудиле новинари, кои се претставиле како финансиски лобисти.

Според пишувањето на весникот, неколку новинари на тајна задача им се претставиле дека се луѓе од европска компанија, која лобира во интерес на неколку банки. Новинарите смислиле лажни имиња и лажна компанија и побарале од Талерда поднесат амандмани на законската измена. Талер и неговите колеги инволвирани во случајот поднеле амандмани, кои наскоро може да бидат преточени во закон од кој ќе се офајдат институциите за кои лобирале божемните лобисти-новинари.

taler12

Репортерите на весникот заедно со преправен руски клиент се сретнале со Талер на 2 февруари 2011 во хотелот „Конрад“ во Брисел. На вечерата направиле устен договор тој да биде нивниот консултант во парламентот, т.е. да ги застапува интересите на клиентот, да ја менува легислативата кога е потребно. Весникот пишува дека Талер побарал целата работа да се одвива тајно, а парите да бидат префрлени преку лондонска фирма, која добро соработува со него. Утредента репортерите му пратиле порака по имејл, а неколку дена подоцна, на 7 февруари, им одговорил: „Амандманот е пратен во процедура денеска. Сé најдобро, Зоран“. Тој бил поднесен онака како што репортерите го напишале.

Тие, пишуваше „Сандеј тајмс“, повторно се сретнале со него, а на таа средба му се заблагодариле, велејќи му дека тоа што го направил ќе биде многу корисно, а клиентот е среќен и презадоволен. Талер им посакал среќа.

Талер  во јануари 2014 година беше осуден на затворска казна во траење од две години и шест месеци, како и парична казна поради корупција додека бил пратеник во Европскиот парламент. Словенечката полиција против Зоран Талер поднесла пријава, а тој кон крајот на 2013 година се договорил со обвинителството.

„Формално со тој договор ја признавам вината“, изјавил Талер, кој казната од 15 илјади евра ќе ја плати во корист на Педијатриската клиника во Љубљана. Талер пет години нема да има право да се вработи во некоја јавна служба, пишува „Курир“.