понеделник, 12 декември 2016  |  Вести денес: 48

Адвокатите на Асанж бараат повлекување на налогот за негово апсење

Адвокатите на основачот на Викиликс Џулијан Асанж побараат од шведскиот суд да го повлече налогот за негово апсење во согласност со пресудата на панелот на Обединетите нации дека неговото задржување во амбасадата на Еквадор во Лондон, претставува „арбитрарен притвор“, пренесува „Танјуг“.

assangeee

Поврзани вести

Сметаме дека се појави низа од нови околности што укажуваат дека има причини претходната одлука да се ревидира, изјави еден од адвокатите на Асанж, Томас Олсон.

Пналеот на ОН на 5-ти февруари ја објави одлуката дека Асанж е „арбитрарно притворен“ и повика на негово ослободување.

Работната група на ОН ги повика Британија и Шведска да стават крај на неговото лишување од слобода, оценувајќи дека мора да се почитува физичкиот интегритет и слободата на движење на Џулијан Асанж, а исто така соопшти и дека Лондон и стокхолм би требало да му исплатат оштета.

Портпаролот на британскиот премиер Дејвид Камерон изјави дека Асанж ќе биде уапсен доколку излезе од амбасадата на Еквадор, без разлика на одлуката на комисијата на ОН.

Најчитани вести