Македонија

Адвокатите на првооосомничениот во „Тврдина“ поднесоа жалба

Адвокатите на првооосомничениот во „Тврдина“ поднесоа жалба

Адвокатскиот тим на првоосомничениот во случајот на СЈО „Тврдина“, Г.Г, поднесе жалба за притворот. Кривичниот совет треба да реши по жалбата.

Основниот суд вчера го прифати предлогот на  Специјалното обвинителство.На првоосомничениот во случајот „Тврдина“, началникот на оддел во Управата за безбедност и контраразузнавање при Министерството за внатрешни работи, Г.Г. Основниот суд Скопје 1 – Скопје му определи мерка 30-дневен притвор.

Судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по предлог на Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите за определување мерка притвор за осомничениот Г.Г., поднесен во Судот во текот на вчерашниот ден, по денешното сослушување на осомничениот кој самиот се јави во судот, а во присутво на негов бранител и обвинител од наведеното обвинителство, донесе одлука со која го прифати предлогот на обвинителството за определување на мерка 30 дневен притвор, стои во соопштението од Судот.

СЈО вчера на прес-конференција соопшти дека повело истражна постапка под име „Тврдина“, поврзана со незаконското следење на комуникации со користење и искористување опрема и уреди за следење кои се во сопственост на МВР, за што се осомничени пет лица.

Како што информираат медиумите до скопскиот Основен суд пак СЈО денеска ги праќа и барањата за останатите осомничени во случајот.