Адвокатите во Србија на штрајк

Адвокатите од цела Србија денеска ја прекинаа работата и на тој начин предизвикаа блокирање на работата на речиси целото правосудство, објави МИА.

Тоа значи дека адвокатите не доаѓаат на судски процеси, истраги, сослушувања во полиција или обвинителство во случаи во кои според закон е неопходно присуство на адвокат, ниту остваруваат други правни дејности.

Поради новите даноци, кои се многу високи, белградските адвокати штрајкуваа минатата среда, а денеска кон нив се приклучија адвокати од цела Србија.