Адвокатка суспендирана поради фотошоп фотографии со славни

Фотографии на кои се наоѓа во друштво се познати личности во суштина се добра реклама за непозната адвокатка, меѓутоа проблем е кога ќе се дознае дека сите слики се направени во фотошоп.

Имено, адвокатката Свитлана Сангари, изработила лажни фотографии со цел да ги измами клиентите и воедно да ги увери дека е личност која познава луѓе на важни позиции.

Тоа сигурно нема да му се допадне на Врховниот суд на Калифорнија, од кој е побарано да реагира и да ја казни адвокатката со шестмесечна суспензија поради „лажни искази“. Судијата Доналд Ф. Милерс веќе изјави дека Судот ќе реагира, бидејќи фотографиите се објавени на нејзините службени страници.

Но, Сангари по обвиненијата не се ни потруди да ги тргне фотомонтажите, таа дури објави бизарно соопштение во кое не се ни осврнува на тужбата, туку тврди дека тоа се прави во секојдневниот живот, посочувајќи дека во филмот „Црн Лебед“ Натали Портман не игра балет, туку дека станува збор за монтажа на нејзината глава на тело на вистинска балерина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.