сабота, 22 јули 2017  |  Вести денес: 51

Адвокатот на Абдеслам: Мојот клиент верува дека живее во видео игра

Aдвокатот на Салах Абдеслам Свен Мари во изјава за францускиот весник Либерацион дава детален опис на неговиот клиент, Пренесува белгискиот портал „Ла Либре“.

sven-mari-abdeslam

Поврзани вести

Aдвокатот на Салах Абдеслам Свен Мари во изјава за францускиот весник Либерацион дава детален опис на неговиот клиент, пренесува белгискиот портал „Ла Либре“.

Адвокатот го опишува Абдеслам како „недоделкано момче од Моленбек што се занимава со ситен криминал, и кое што повеќе е следбеник отколку лидер“. Според него, интелегенцијата на Абдеслам е како празен пепелник, односно има само огромна празнина.

Тој е совршен примерок на ГТА генерацијата (Grand Theft Auto) кој што верува дека живее во видео играта. Тој и неговите пријатели успеале да ја направат религијата непријателска. Го прашав дали го прочитал Куранот, а тој одговори дека прочитал негова интерпретација на интернет. За простите умови тоа е совршено, интернетот е максимумот што може да го разберат, вели тој.

Сепак Свен Мери не го опишува само сопствениот клиент, туку и тоа како влијаела одлуката да го брани на суд.

Арапите ми посакаа добредојде, а оние што не се Арапи ме гледаат со погледи на омраза. Ова воопшто не е здраво, вели тој.

Тој исто така вели дека постојано се двоумел за тоа дали да се откаже од тоа да го брани Абдеслам.

Оваа одбрана не ми носи ништо, освен проблеми. Неколку пати бев нападнат вербално или физички. Две лица дури и ме пречекаа пред канцеларијата и се обидоа да пукаат кон мене, но јас можам да се бранам. Во неколку наврати полицијата мораше да ги придружува моите ќерки во училиште, вели тој.

Тој најавува дека по екстрадицијата на Абдеслам, ќе соработува со тамошниот адвокат Франк Бертон.

Инаку, во изјава за Белга, Свен Мари одбил да ги коментира изјавите објавени во француски „Либерацион“ и вели дека и не го прочитал написот.

Најчитани вести