сабота, 22 јули 2017  |  Вести денес: 38

Адвокатот на Асанж: Стопирањето на истрагата е крај на кошмарот

Британската полиција соопшти дека и покрај одлуката на шведското Обвинителство за стопирање на истрагата, Асанж сепак ќе биде уапсен доколку ја напушти еквадорската Амбасада во Лондон.

133703265

Последни вести

Адвокатот на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, Кристоф Маршан денеска ја поздрави одлуката на шведското Јавно обвинителство за прекин на седумгодишната истрага против неговиот клиент, нагласувајќи дека тоа претставува „крај на кошмарот“.

– Долго ја чекавме оваа одлука. Џулијан Асанж беше жртва на голема злоупотреба на постапката. Многу сме задоволни и многу сме среќни, затоа што ова претставува крај на неговиот кошмар, рече Маршан.

Во меѓу време, вториот адвокат на Асанж, Хуан Бранко изјави дека ќе побара од француксиот претседател Емануел Макорн да интервенира во корист на неговиот клиент и да му помогне безбедно да ја напушти еквадоската амбасада во Лондон.

Асанж од 2012 година се крие во еквадорската Амбасада во Лондон, каде доби азил, со цел да избегне екстрадиција во Шведска, каде досега му се закануваше судење по обвиненијата на две жени за силување.

Британската полиција соопшти дека и покрај одлуката на шведското Обвинителство за стопирање на истрагата, Асанж сепак ќе биде уапсен доколку ја напушти еквадорската Амбасада во Лондон.

– Потребна ни е политичка интервенција за да и ставиме крај на оваа ситуација. Аснаж е единствениот политички затвореник во Западна Европа, рече Бранко.

Асанж од своја страна во реакција на одлуката на шведското Обвинителство на Твитер објави своја фотографија со широка насмевка, без никаков коментар.

Шведското Јавно обвинителство денеска соопшти дека донело одлука за прекин на истрагата против Асанж во врска со обвинувањата за силување.

– Јавниот обвинител на Шведска Марјан Њу реши да ја прекине истрагата против Џулијан Асанж за тврдењата за силување, се наведува во соопштението на Обинителството.

Асанж ги отфрла обвинувањата за слирување и тврди дека цел на оваа истрага е да биде екстрадиран во Шведска, која потоа би им го предала на САД, каде е обвинет за објавување на тајни и доверливи информации преку неговата мреже „Викиликс“.

Со ова најверојатно се става крај на седумгодишната правна борба меѓу 45-годишниот Асанж и шведското Јавно обвинителство.

Најчитани вести