Адвокатот на осомничениот тврди: Убиството на Ангел е во самоодбрана

Адвокатот на осомничениот за убиството на Ангел Петковски, Рубин Двојаков денеска излезе со сосема поинаква верзија за она што се случувало пред Европската очна болница во Ѓорче Петров во понеделникот попладне.

Според Двојаков, осомничениот Насер Ештрефи го извршил убиство во самоодбрана откако претходно бил нападнал од Ангел и други лица со безбол палки. „Во текот на разговорот што го имав со Насер ме информираше дека попладне Aktuale-Rubin_Dvojakov_319808408отишол да украде велосипед, но тој негираше дека поседувал нож.

Ме информираше дека тој бил нападнат од од страна на жртвата и неговиот татко“, вели Двојаков во изјава за весникот на албански јазик „Коха“.

Тој понатаму тврди дека ножот со кој што е извршено убиството му припаѓал на убиеното момче и дека при борбата со Насер, на Ангел му паднал ножот, а Насер го зел за да се одбрани од ударите на таткото и синот, во еден момент го прободел двапати Ангел во градите. Адвокатот како дел од доказите дека вистината за убиството наведува и дека Насер немал криминално досие како што тврди полицијата.