Адвокатот на Трамп бара истрага за тоа како се води „руската истрага“

Истрагата за обвинувањата за наводното руско мешање во американските претседателските избори во 2016 година и договор меѓу владата во Москва и штабот на актуелниот претседател Доналд Трамп треба и самата да биде предмет на истрага, изјави во неделата адвокатот на американскиот претседател, поранешниот њујоршки градоначалник Руди Џулијани.

Според Џулијани, министерството за правда треба да спроведе истрага за истрагата на специјалниот јавен обвинител Роберт Мјулер, „не нужно поради Мјулер, туку поради генезата на оваа ‘руска истрага’ којашто се покажа како многу незаконска и неетечна“.

„Не мислам дека Мјулер и неговите луѓе треба да бидат предмет на истрага, освен доколку нема нови докази за нив. Зборувам за тоа што му претходеше на именувањето на специјалниот обвинител (…) имаше необични работи“, изјави Џулијани за телевизијата CNN.

„Сакаме да се спроведе истрага за истрагата на Мјулер, како што се води истрага за администрацијата на Трамп и би сакале да добиеме извештај за тоа. Тогаш би имале доказ дека е лоша, како што некои мислат“, истакна личниот адвокат на Доналд Трамп.

Опширната истрага на специјалниот обвинител Мјулер е покрената како одговор на негодувањето поради тоа што во мај 2017 година Трамп го смени директорот на Федералното биро за истраги (FBI), Џејмс Коми, кој дотогаш ја водеше ткн „руска истрага“, а причина беше затоа што ја отфрли истрагата против противкандидатката од Демократската партија, Хилари Клинтон, за кршењето на законот за користењето на официјалната електронска адреса. Имајќи предвид дека министерот за правда Џеф Сешнс се иззема во оваа истрага, овластувањата над специјалниот обвинител ги има неговиот заменик Род Розенштејн. Поради тоа, Трамп често ги критикува Сешнс поради изземањето и Розенштејн кон во принцип е единствен може да го смени Мјулер.

Приврзаниците на Трамп неодамна ги засили нападите на истрагата на Мјулер. Самиот претседател во неделата на Twitter повторно го осуди „ловот на вештерки“ и негира каков и да е договор со Москва или попречување на правосудството од своја страна, оцени во петокот дека „руската истрага … целосно го загуби угледот“.

„Лов на вештерки! Немало никаков дослух со Русија. Јасно е дека немало никаков договор со Русија, па сега тие бараат траги за создавање пречки (истрагата) за непостоечкиот договор со Русија. Многу жално, на ист начин не истражуваа за нечесната Хилари Клинтон. Двојни стандарди!“, напиша американскиот претседател на Twitter.

Весникот The Washington Post во неделата, во најновото продолжение од оваа голема истрага, откри дека наводно уште еден поранешен советник на Доналд Трамп, Роџер Стоун, како и други, во текот на кампањата бил во контакт со руски државјанин кој во замени за пари му нудел информации коишто требало да ѝ наштетат на Хилари Клинтон. Стоун не негира дека имал контакти, но дека ја одбил понудата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.