сабота, 26 ноември 2016  |  Вести денес: 12

Адвокатот на Заев го брани осомничениот што нудеше поткуп за лажен исказ во полза на Катица Јанева

medarski-zaev

Последни вести

Филип Медарски, адвокат на опозицискиот лидер Зоран Заев и кум на Гаврил Бубевски е главниот човек во одбраната на осомничениот од МВР кој се товари дека нудел поткуп од 100.000 евра за да се обезбеди лажен исказ во полза на конструирањето случаи од страна на Катица Јанева, пишува „Курир“.

Во Кривичниот суд денеска требаше да почне судењето на Н.С, началник на единицата за техничка поддршка во Петтата управа во УБК, кој е осомничен за незаконско влијание врз сведоци во рамките на постапка што ја води специјалното јавно обвинителство. Против него беше поднесена кривична пријава до Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Инаку, денешното судење беше одложено на барање на адвокатот на осомничениот, Филип Медарски. Тој рече дека одбраната не извршила увид во сите докази. Поради тоа, како што рече, главната расправа не може да започне и неговиот клиент не може да се изјасни за вина. Судијата Горан Бошевски го прифати барањето на адвокатот и го одложи судењето за 15 април.

Дел од тимот на Јанева како подготовка на реализацијата на сценариото на Заев отпочнал и со конкретни активности. Изминативе денови спротивно на законот стартувале со притисоци и закани кон поединци, нелегални повикувања и забрани за присуство на адвокат при сослушувањето на лицата, објавија дел од медиумите деновиве. Но во меѓувреме, голем број на граѓани се охрабрија да го пријават незаконското работење на СЈО и поднесоа кривични пријави во кои тврдат дека обвинителите на Јанева врз нив вршеле силен притисок, им се заканувале и ги заплашувале без присуство на адвокат и без вклучени камери, објавија медиумите на почетокот од февруари.

„Гледаш ли Никола Груевски што прави од државата и како не уназадува? Ти имаш фамилија, соработувај инаку ова нема тука да застане“.

На ваков начин се обраќале обвинителите подредени на Катица Јанева кон лицата повикани на разговор. Надвор од секаква процедура пропишана со закон, крајно пристрасно и политички, овластените соработници на Јанева во недостаток на докази вршеле брутални притисоци за да изнудат изјави и искази кои не кореспондираат со фактичката состојба. Спротивно на законот, членови на тимот на Катица Јанева се јавувале на приватни телефони и испраќале пораки, повикувајќи лица во ресторани или на паркинзи. На едно од повиканите лица, дури е нуден и поткуп за да даде исказ во согласност со насоките кои ги добиле од нивната претпоставена.

Ваквите незаконски дејствија, резултираа со неколку кривични пријави. Првата по службена должност против вработен во МВР заради „незаконско влијание врз сведоци“, поднесена против вработен во МВР кој имал чести контакти со тимот на Катица Јанева и Оливер Спасовски. Вработениот кој изминатиов период беше метеорски унапреден од Спасовски, се обидел со пари да го подмити повиканото лице да биде сведок на Катица Јанева.

Вработениот во МВР, против кого е поднесена кривична пријава поради незаконски влијаење на сведоци, како што објавија медиумите на сведокот му нудел 100.000 евра кои наводно требало да му бидат исплатени од еден од првите луѓе на СДСМ. Исплатата требало да се реализира откако истиот ќе ја потпише лажната изјава за компромитирање на лицата кои се таргет на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Подоцна беше обелоденето дека оваа лажна изјава поткупена со огромна сума на пари требало да служи за целосна дискредитација на Гордана Јанкулоска. Втората кривична пријава е поднесена против тројца обвинители од тимот на Катица Јанева, меѓу кои и кумот на Филип Медарски-адвокат на Зоран Заев, заради „малтретирање во вршење на службата“ по член 143 од Кривичниот законик.

„Спаси ја сопствената кожа“, „Не штеди никого“, „Ќе бидеш казнет со поблага казна ако соработуваш“. Ова се дел од заканите кои му биле упатувани на вработен во МВР од страна на лица од тимот на СЈО Катица Јанева.

Според пријавата, обвинителите од тимот на Катица Јанева го терале ова лице под силна закана да даде лажен исказ, односно изјава која не е негова. Му се заканувале и го малтретирале за време на испрашувањето без адвокат, велат нашите информации.

Најчитани вести