Адвокатот Тасевски ја потсети Кацарска за новите измени и дополнувања на законот за судовите при нејзината одлука во „Тенк“

Соочени сме со докази на СЈО со кои се кршат меѓународни стандарди за човекови права на слободи. Материјалите произлезени од незаконското следење на комуникации СЈО ги добивал од политичкиот опонент на обвинетите – СДСМ.

Сопственикот на странската подружница „Еос Консалтинг“ која го вршела вештачењето, а и вештаците се исто така од политичката партија СДСМ. ЦД-еата со разговорите не се во оригинална форма, па одбраната беше оневозможена со свој технички советник да ја провери нивната автентичност.

Според Европскиот суд за човекови права доколку нема неутралност на вештачењето, се загрозува правото на еднаквоста на оружјата. Повредено е и правото на одбраната да учествува во вештачењето и да користи свој технички советник. Европскиот суд за човекови права вели дека доказите не се објективни доколку во вештачењето не е присутна одбраната. Во оваа постапка повредени се Уставот на РМ како и многу членови од Европската конвенција за човекови права затоа сметам дека единствена правична одлука на судот е ослободителна одлука.

Го поздравувам стапувањето на сила Законот за измена и дополнување на законот за судовите според кои судот е должен да ги земе во предвид и да посвети посебно внимание на праксата на Европскиот суд за човекови права и ставовите изразени во конечните пресуди, особено имајќи ги во предвид одредбите од Законот за измена и дополнување на законот за судови, рече адвокатот Боро Тасевски. Кацарска му се заблагодари на Тасевски за тоа што ја потсетил за измените во законот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.