АЕК: Казни за операторите ако нема мрежа и интернет

Агенцијата за електронски комуникации започна со измени на правилникот за квалитетот на мрежите со кој, меѓу другото, ќе се бара од мобилните оператори да обезбедат квалитетно мрежно покривање со мобилен интернет на сите регионални и магистрални патишта низ државата.

Според најавите на АЕК, ќе следуваат казни за сите оператори кои нема да обезбедат интернет со брзина од најмалку 2 мегабити во секунда на територијата на целата држава, а ќе следуваат санкции и за евентуални проблеми со мрежата.

Во тек е процедурата за изменување на Правилникот за квалитет на мрежата со кои се заоструваат барањата на АЕК од телеком операторите.

-На одоворните лица од трите мобилни оператори им ги презентиравме нашите мерења и воопшто не сме задоволни од квалитетот на мрежите на сите мобилни оператори. Затоа започнавме со измена на правилникот за квалитет на мрежи, изјави директорот на АЕК, Роберт Ордановски.

Според Ордановски, до сега често пати се случувало да има мрежа во градовите но не и надвор од нив, проблем на кој граѓаните најчесто реагирале.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.