Аеродром без вода

Жителите на општина Аеродром денеска од 9 часот поради дефект ќе останат без вода.

Дефектот се појавил на булевар Србија, кај рскрсницата со булевар Борис Трајковски.

Од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информираат дека без вода, се до санирање на дефектот, ќе останат жителите од високата зона во Аеродром и Ново Лисиче.