Аеродром доби нов парк

Аеродром доби нов парк

Претседателот на Владата,Никола Груевски и градочаналникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, денеска официјално го пуштија во употреба деветтиот нов парк во Општина Аеродром, кој се наоѓа спроти „Мајчин дом“, поточно на просторот на аголот меѓу улицата „Васко Карангелевски“ и булеварот „Јане Сандански“.

Новиот парк се простира на површина од 3.000 м2 и содржи пешачки патеки, водени површини, езеро со фонтани и водопади, река и детско игралиште. Во паркот се задржаа постојните дрвја, кои се наоѓаа на оваа локација и дополнително е збогатен со ново зеленило и цвеќе. Водените површини во паркот се осветлени со рефлектори, кои ќе го надополнат амбиентот навечер.

park-aerodrom1

„Со новиот парк не само што сакавме да создадеме уште едно пријатно катче за престој, туку и да ја продолжиме традицијата на унапредување и заштита на животната средина и на градење паркови во Аеродром, по кои стана препознатлива општината“, изјави Коневски.

Инаку, во последниве неколку години се изградени околу 100.000 квадратни метри нова зелена површина, а во моментов се гради нова зелена површина на уште 90.000 квадратни метри.

Вредноста на инвестицијата за новиот парк е околу 30 милиони денари.