Македонија

Аеродром доби подземни контејнери

Аеродром доби подземни контејнери

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на општината Аеродром, Ивица Коневски и директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Ракип Дочи, денеска /17.11.2014 година/ го промовираа

Системот за поставување подземни  контејнери за одлагање комунален отпад, денеска се промовираше и на булеварот Јане Сандански, пред ТЦ „Три бисери“, во населбата Аеродром.

– Денеска почнаа градежните работи за инсталирање систем за поставување подземни контејнери за одлагање комунален отпад на територијата на општина Аеродром, што е дел од втората фаза на проектот за поставување Систем за подземни контејнери. Во рамките на оваа фаза ќе бидат поставени подземни контејнери на девет микро-локации, односно по три контејнери на три-микролокации во секоја од општините: Аеродром, Кисела Вода и Гази Баба. На 3 локации во општината Аеродром ќе се поставуваат вкупно 9 подземни контејнери, од фирмата АТРИКОТ од Република Словенија. За реализација на овој значаен проект се издвоени вкупно 6,6 милиони денари, од кои секоја од трите вклучени страни издвојува по 2,2  милиони денари, односно подеднакво инвестираат Градот Скопје, општината Аеродром и ЈП „Комунална хигиена“. Со овој проект за поставување подземни контејнери во втората фаза се опфатени 3 општини, а бидејќи проектот е прифатен од граѓаните заради големите придобивки, планираме оваа активност да се прошири и во другите скопски општини – истакна градоначалникот Трајановски.

Директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Ракип Дочи ги информира присутните дека овој систем за складирање отпад е посовремен од претходниот, изменет е дизајнот на надворешните кутии и има поголема заштита  на контејнерот за ПЕТ амбалажа, и се надева дека за неколку години градот Скопје ќе има лик на вистинска метропола.

Градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски истакна дека со поставувањето на подземните контејнери  на трите локации во неговата општина, кај ТЦ „Три бисери“,  кај ТЦ „Бисер“ и во населбата Лисиче, во близина на ОУ „Лазо Ангеловски“, ќе  се придонесе за поголема хигиена во општината.

Подземните контејнери имаат зафатнина од 3 кубни метри, во нив отпадот се складира на пониска температура, притоа не зафаќајќи слободна површина над земјата. Празнењето на подземните контејнери е на хидрауличен погон, за што ќе се употребуваат три од постојните возила на ЈП „Комунална хигиена“, коишто се специјално надградени за оваа намена. Системот за собирање на комуналниот отпад во подземни контејнери е исклучително софистициран и успешен и веќе подолг период се применува во светски рамки, со одлични ефекти во заштитата и зачувувањето на здравјето на граѓаните и природната околина.

podzemni kontejneri Aerodrom (3) podzemni kontejneri Aerodrom (4)