Македонија

Аеродром, Ѓорче и Петровец утре без струја

Аеродром, Ѓорче и Петровец утре без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека утре без електрична енергија ќе останат дел од жителите на Аеродром, Ѓорче Петров и Петровец.

Ова се точните локации и временски период каде ќе нема струја:

• во време од 09:00 до 14:30 часот корисниците од селата Дивље, Сушица и Живиње. ( општина Петровец )
• во време од 09:00 до 14:00 часот корисниците од дел од ул. Скупи. ( општина Ѓорче Петров )
• во време 08:30 до 14:00 часот корисниците од ул. 22 ( од кружен тек до црквата ). ( општина Аеродром )