ВИДЕА: Општина Аеродром се гради, граѓаните задоволни од проектите

Општина Аеродром се гради, граѓаните задоволни од проектите кои се реализираат. Премиерот Груевски вчера повторно беше на терен со граѓаните. Тој ја посети скопската општина Аеродором. Нови паркови, нова канализација за Лисиче, нова асфалтна мрежа, осветлување… Ова се само дел од проектите што во моментов се реализираат во оваа општина.

Премиерот Груевски во посета на општина Аеродром
Премиерот Груевски во посета на општина Аеродром

Порталот „Курир“ денес објави повеќе видео материјали од посетата на премиерот Груевски на општината.

Градоначалникот на општина Аеродром, Ивица Коневски истакна дека во соработка со Владата, но и со општински средства се завршени значајни проекти за граѓаните.

Во тек е асфалтирање на улици, изградена е спортска училишна сала, паркови и нова градинка чија градба треба да заврши до крајот на годината за граѓаните на Горно Лисиче.

Наредната година планираме „Ѓорѓи Крапчев“ да ја реконструираме целосно и на тој начин да завршиме со реконструкција на цела улица. Направивме канализација, колектори, преку 10 милиони инвестиции. Се реши и водоводот целосно, направивме тротоари 10 километри, почнуваме да градиме градинка со средства половина од општината, половина од Министерството за образование. Сите оние работи кои беа неопходни до крајот на оваа година и почеток на наредната се ќе биде готово, истакна Коневски.


Особено значајно е што се завршени најголемите инфраструктурни проекти потребни за граѓаните на цела општина Аеродром во тој дел на општината.

За жителите на тој дел од општината направена е канализација над 40 километри, нов колектор и препумпна станица инвестиции од над 10 милиони евра, а за наредната година се планира реконструкција и на улицата „Горги Крапчев“.

Граѓаните од населените места во цела општина Аеродром се задоволни од реализираните проекти со кои им се решаваат горливите проблеми. Тие при вчерашната посета на премиерот Никола Груевски му ја искажаа благодарноста за спроведеното.

Голема благодарност од нашето население за завршениот проект канализација, кој беше повеќедецениски проблем за нашето население и благодарение на Владата на чело со Вас, тој проблем е решен, му порачаа граѓаните на Груевски.


Владата на Република Македонија и општината продолжуваат со реализација на крупни проекти потребни за граѓаните. Веќа вчера беа нотирани повеќе барања за чија реализација ќе се работи во наредниот период.

Груевски го посети и долно Лисиче каде жителите се пожалија на слабиот притисок на вода, за што беше договорено капацитетот на водоводот да биде подобрен и екипи на водовод ќе извршат санација на водоводната мрежа.

Целта на ваквите посети е решавање на крупни и значајни проблеми. Изминатиов периот премиерот Груевски посети низа населени места ширум Македонија, а проблемите кои му ги предочија граѓаните беа експресно решавани. Иако за опозицијата е несфатливо, граѓаните го прифаќаат и одобруваат ваквиот начин на работа.

Во изминатите неколку месеци, освен за Аеродром се започнаа и капитални проекти за сите жители на Скопје на чија реализација активно се работи и се задоволуваат голем број на барања на граѓаните.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.