Аеродром и Центар денеска без вода

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информира дека поради надградување на водоводната мрежа без вода денеска ќе останат дел од жителите на Центар и Аеродром.

Поради промена на шибер затварач профил ф-100 милиметри на улица 3-та Македонска Бригада до Алкалоид, без водоснабдување ќе останат корисниците од ниска зона на потегот од Железничка станица до улицата Венјамин Манчуковски, и фирмите Мегамонт, Алкалоид, 29-ти Ноември и Крушево Експо од 09:00 до 14:00 часот.

Поради изведување на водоводен приклучок профил ф-80 милиметри на улица 9-ти Мај бр.40, без водоснабдување ќе останат корисниците од улиците Васил Стефановски, Христо Смирненски, Петар Поп Арсов, 29-ти Ноември, Борка Талевски, Диме Аницин и Роза Луксенбург од 09:30 часот па се до изведување на приклучокот.