Аеродром ќе добие нова градинка

Аеродром ќе добие нова градинка
Аеродром ќе добие нова градинка
Нова детска градинка со капацитет од 250 дечиња ќе се гради во општина Аеродром, најавија денеска градоначалникот Ивица Коневски и заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Општина Аеродром објави тендер за изградба на нова детска градинка во рамки на клонот „Чекорче“, која ќе има капацитет од 250 дечиња и ќе се гради во населбата Јане Сандански.

Објектот ќе содржи 6 големи занимални на приземје и три на кат, односно вкупно 9 занимални. Исто така ќе има и простор за прием, кујна, санитарни јазли, административен простор и подрумски простории. Целиот објект ќе биде на површина од 1.700 метри квадратни.

-Очекувам таа да биде готова за 6 месеци од почетокот на градбата. Тендерот треба да заврши на средината на февруари. Ова е втора градина која почнавме да ја градиме оваа година инаку трета градника во последниве три години која ја гради општина Аеродром во соработка со Министерството за труд и социјална политика, рече градоначалникот Коневски.

Објектот ќе биде енергетски ефикасен, а материјалите за изградба ќе бидат еколошки прифатливи.

-Министерството за труд и социјална политика инвестираше во целосно нова градинката „Сонце“ со капацитет од