Аеродром ќе добие нова градинка

180 дечиња, која беше отворена во 2013 година. Само пред неколку дена започнавме со изградба на нов објект, нова детска градинка во населбата Горно Лисиче и ова е трета градинка во која што ќе бидат згрижени голем  број на деца. Со тоа во голема мера ќе се помогне на родителите, појасни Спасов.

Напоредно со оваа инвестиција,  Министерството за труд и социјална политика во плановите за 2016 година има разработено акциски план за изградба на повеќе градинки во Скопје, но и останатите општини во Македонија.

-Веќе се гради и се работи на изградба и изведување на два објекти во општина „Ѓорге Петров“ исто така започна инвестициски активности во општина Кисела Вода, Бутел. Се планира во 2016 да се започне со изградба на две градинки во општина Карпош и уште една градинка во Гази Баба и Ѓорче Петров и секако да се продолжи со инвестиции ширум општините во Република Македонија, објави Спасов.

Само во изминативе 3 години се отворени над 35 градинки, што покажува дека ова е еден од најголемите приоритети на Владата и Министерството за труд и социјална политика.

-Сакам да информирам дека на почетокот на следниот месец планирано е објавување на јавен повик за поттикнување на приватни инвеститори за отворање на приватни детски градинки. Имено ќе започне и промоцијата на новата мерка гранд средства во износ од 10.000 евра за отворена приватна детска градинка со најмалку 4 вработувања и капацитет за 40 деца, рече Спасов.