Аеродром ќе го одбележи Денот на таткото

Напладне во трговскиот центар „Капитол“ во населбата Јане Сандански, в недела ќе се одбележува Денот на таткото, во организација на Националниот совет за родова рамноправност (НССР).

Организаторот распиша и конкурс за ликовни и литературни дела на тема „Најдобриот татко“, на кој може да учествуваат деца од градинките и ученици од основните училишта. За најдобрите дела и градинките и училиштата со најмасовно учество ќе следуваат награди.

Првпат Денот на таткото во Македонија беше одбележан во 2006 година и од тогаш секоја година во септември НСРР организира настан за децата. Одбележувањето на Денот на таткото се смета за особено важно затоа што помага во утврдувањето на придонесот кој татковците го имаат во семејството и пошироко во општеството. Исто така, помага во зајакнување на врската помеѓу таткото и детето и со тоа во емоционалниот развој на детето, велат од НСРР.