Аеродром пилот-општина во проект за енергетска ефикасност

Општина Аеродром е една од трите пилот-општини кои ќе учествуваат во Проектот за енергетска ефикасност во секторот домување во Македонија, во соработка со УСАИД и Здружението за хумано домување Хабитат Македонија.

Во рамките на овој проект ќе се избројат сите станбени згради во општината и ќе се формира регистар на станбени згради и регистар на управители.

Целта на овој проект е да се направи регистар на станбени згради во општината и да се воочи актуелната состојба на зградите. Ќе се утврди колку од зградите се енергетски ефикасни и на колку од објектите треба дополнително да се интервенира. Со проектот ќе се подигне јавната свест за значењето на енергетската ефикасност, како и за потенцијалот којшто го има за создавање нови работни места и подобри бизнис можности.

За потребите на проектот анкетарите ќе извршат посета и интервјуирање на претседателите на куќните совети. Се предвидува анкетирањето да трае не подолго од 30 минути и поради тоа ги  замолуваме претставниците на зградите и куќните совети да им излезат во пресрет и да одговорат на нивните прашања.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.