Аеродром во Истанбул ќе го носи името на Ердоган

Турскиот министер за транспорт и информации Љутфи Елван потврди дека идниот трет аеродром во Истанбул ќе го носи името на досегашниот премиер Реџеп Таип Ердоган, кој во неделата беше избран за 12. претседател на Турција, објави денеска весникот „Заман“.

Елван истакна дека во изминатите 12 години Ердоган имал „мошне голема улога за благосостојбата и напредокот на земјата“.

– Доколку националниот доход се зголеми за четири пати, доколку во земјата е зацврстена стабилноста и таа и натаму се развива енергично, доколку е зголемена конкуретската способност на Турција, сето тоа е заслуга на премиерот Ердоган, рече Елван.