6.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Аеродромци ќе се гушат, а Кочо хаусмајсторот од општина Центар ќе гради  

„Мене дуќанот супер ми работеше, но дупот мораше да се урбанизира и да се модернизира. Тие бараки се правени 1963 и е предвидено да се изгради станбено деловен комплекс.“ – вели тој.

Приказната на Трајаноски е едната страна од паричката. Неговите очекувања ги делат уште 12мина сопственици на земјиштето зад Тобако 2. Но, од другата страна се загрижените жители на скопската општина Аеродром. Реагираат на градежниот хаос, прашината и последиците од пренатрупаност со згради во изминатите десетина години.

„Не може која власт и да дојде да ги менува урбанистичките планови, не е водено сметка за хуманата димензија, целта е на тие профитери да им се дозволи да градат за да дојдат до пари.“ – велат граѓаните.

Оваа паричка има и трета страна. Бизнис интересите на фирмите вклучени во изградбата на еден од најголемите-станбено деловни објекти во Аеродром. Инвеститор е компанијата  Порта Инжинеринг  и 13 сопственици на земјиштето. Седиштето е на иста адреса со Адора Инженеринг, во сопственост на бизнисменот Ванчо Чифлиганец.  Сопственикот на Порта за ТВ24 вели дека овој проект не е инвестиција на Адора.

-Формално правно да, ова е прв објект на кој како инвеститор е Порта Инжинеринг  Груп, но нашето искуство во градежништвото е долгогодишно. Имено, Фирмата Порта инжинеринг Груп во самиот почеток беше ДОО и беше формирана помеѓу претставник од Адора Инжинеринг- Спасе Стојанов и јас како претставник од фирмата Дивелоп Груп (Одлучено е да биде седиштето на Адора ), за покасно мојот партнер Стојанов како и Дивелоп Груп да се повлечат од проектот поради презафатеност за реализација на други проекти.

Изведбата на објектот ја прави фирмата Специјал Градба. Нејзиниот сопственик е Кочо Стојчески, бизнисмен и раководител на сектор за локален економски развој во општина Центар. Во време на градоначалникот Андреј Жерновски Стојчески беше унапреден од хаусмајстор во инспектор во Центар. Тој беше потпишан и зад инспекцискиот надзор на белата палата на ВМРО-ДПМНЕ. Во изјава за нашата редакција вели дека нема конфликт меѓу неговите бизниси и државната работа.

„Моите бизниси каде и да постојат се во функција на локалниот економски развој. Околу 2 милиони евра се пресметани како комуналии кои Порта Инжинеринг и ги исплаќа на општина Аеродром“ – вели инвеститорот.

Ќе има 281 стан и 321 паркинг место за новите станари, обезбедено со решението за градба кое е издадено од актуелниот градоначалник Златко Марин, пред дваесет дена. Токму Марин во предизборната кампања ветуваше мораториум на градбите. Вели дека има законско решение кое е донесено од неговиот претходник Ивица Конески. Новото здание влегува во ДУП кој е донесен во 2012-та година, а според првичната верзија наместо десеткатница, требало да се гради.

ВМРО-ДПМНЕ: Хаусмајсторот Стојчески не демантира дека е унапреден 10 скалила спротивно на законот

Најбогатиот хаусмајстор кој Андреј Жерновски го унапреди во главен инспектор на општина Центар со ниту еден збор не демантира дека е унапреден 10 скалила во хиерархијата на општинската администрација, што е спротивно на законските норми, а уште повеќе на препораките на Прибе за професионалност во администрацијата.Најбогатиот хаус мајстор Кочо Стојчевски по наредба на Жерновски мораше сам да се брани за скандалот кој го предизвика неговото назначување- стои во писменото соопштение што денеска од владејачката ВМРО-ДПМНЕ го упатија до јавноста.

Понтаму додаваат:

Тоа што сосема бегло објасни за неговата градежна фирма, доволно говори дека навистина постои конфликт на интереси и можност за матни зделки и криминални активности. Хаосот во работата на општина Центар, за што пример е и именувањето на овој хаус мајстор за главен инспектор може да се види на секој чекор. Граѓаните гледаат колку неспособна е оваа гарнитура на чело со Жерновски која наместо проекти, произведува скандали во низа.

Додека хаузмајсторот од Центар се вози со ауди, Жерновски молчи за скандалот

Колкава ли е платата на хаусмајсторот во општина Центар, сега раководител на инспекциската служба, ако со неа успеал да го купи ова бесно Ауди модел А5. Прес 24 објави дека Стојчевски на работа доаѓа со ауди, според официјалниот ценовник, вреден најмалку 38.000 евра во основна верзија. Порталот објави и неколку фотографии од автомобилот за кој се тврди дека го вози токму инспекторот кој беше унапреден од хаузмајстор.

Станува збор за супер луксузно возило, од гамата на Ауди, која очигледно е омилена во СДСМ. Прес 24 коментира дека ауди А8 вози Зоран Заев, а А3 модел има портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, кој според официјалната документација за себе плаќа придонеси на минималец.

Ова е ценовникот на моделот Ауди А5 и може да се забележи дека моделите со спортски мотори достигнуваат цена над 70.000 евра.

Кочо Стојчевски стана познат во јавноста како првиот хаусмајстор што преку ноќ стана главен инспектор во општина Центар. Се појавија информации дека тој вршел инспекциски работи и во времето додека официјално бил вработен како хаусмајстор.

Жерновски молчи за овој скандал иако останува сериозен простор Стојчевски да биде кривично гонет за лажно претставување, ако се има предвид дека решението со кое се прераспределува на местото раководител на инспекциските служби го добил на 30 декември, а месеци претходно тој издавал решенија и работел како инспектор иако официјално, имал задача да менува светилки во општинските канцеларии.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.