Свет

Аеродромите во Крим се под контрола на украинските сили за безбедност

Аеродромите во Крим се под контрола на украинските сили за безбедност

Аеродромите во Крим се под контрола на украинските сили за безбедност, пренесе „Интерфакс“, повикувајќи се на секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана Андреј Парубиј.

Парубиј истакнал дека имало обид за окупацијата на аеродромите во Крим, но бил навреме „локализиран“.

„Луѓето кои дојдоа тука, сега стојат на контролни пунктови околу аеродромите. Самите аеродроми сепак се под контрола на спроведување на законот на Украина“, истакнал тој.