Аеродромот „Александар Велики“ е отворен и функционира нормално

аеродромот

– Во текот на редовната безбедносна проверка на авионот за вчерашниот (23 ноември) вечерен лет кон Истанбул беше пронајден оставен мобилен телефон. Поради безбедносните правила на авиокомпанијата и одлуката на капетанот, леталото се врати во позиција на паркирање за да се изврши дополнителна контрола. Ова е стандардна меѓународна процедура што се спроведува во име на безбедноста на леталата и на патниците. Поради неа, летот беше одложен. Откако сите услови беа исполнети, капетанот одлучи да продолжи со летот и авионот во средата во 22:56 часот полета кон Истанбул, наведуваат од ТАВ Македонија.

Нагласуваат дека малите одложувања на одредени летови видливи на аеродромската вебстраница се од вчераутро. Тие се резултат на густата магла и воопшто не се поврзани со одложениот лет кон Истанбул.

Со авионот на „Туркиш ерлајнс“ кој привремено беше задржан синоќа на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, за Истанбул требаше да отпатува и делегација предводена од претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов. Од кабинетот на шефот на државата информираа дека поради безбедносните процедури, претседателот Иванов и членовите на делегацијата не отпатуваа за Истанбул од каде требаше да заминат за Мадагаскар на Самит на франкофонијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.