Аеродромот Завентем повторно во прекин

Поради прекин во напојувањето со струја стотици патници на аеродромот останаа заглавени на аеродромот во Брисел. Од аеродромот велат дека е позната причината за прекин во струјата но дека ќе биде потребно време пред сите системи да бидат ставени во функција, пренесува „Раша Тудеј“.

Причината за прекинот сеуште не е откриена. Портпаролот на аеродромот вели дека можни се понатамошни одложувања на поаѓањата.

Патниците на социјалните мрежи се жалат на хаосот што настанал и на тоа што толку долго се заглавени во аеродромот. Други велат дека се плашат дека ќе го пропуштат нивниот лет.

Пред неколку месеци аеродромот Завентем во Брисел беше мета на терористички напади.