AfD ја споредува сегашна Германија со крајот на ДДР

Десната конзервативна евроскептична и притивдоселеничка партија Алтернатива за Германија (AfD) го започна во саботата во Аугсбург дводневниот конгрес со повикот до канцеларката Ангела Маркел да поднесе оставка и со споредување на сегашната ситуација во Германија со последните денови на некогашната комунистичка Источна Германија.

„Ангела Меркел ги подели сопствена партија и во земјата и Германија во Европа ја излолираше исто како Ерхих Хонекер во последните денови на ДДР“, изјави потпретседателот AfD, Александер Гауланд пред околу 600 учесници на партискиот конгрес во Аугсбург.

Истакна дека познатиот слоган кој го извикуваат следбениците на AfD на своите протести против имигрантските полити на Ангела Меркел – „Меркел мора да замине“ треба да биде проширен на комплетниот политички систем во земјата.

„Целиот апарат, целиот моментален политички системи мора да исчезне. Ангела Меркел паѓа без оглед на тоа колку размавтува со рацете“, изјави Гауланд пред одушевените делегати на конгресот.

Го критикуваше договорот околу беглаците на во петокот завршениот самит на ЕУ нарекувајќи го „празен“ и без содржина.

„Сѐ ќе биде како и досега. Единствено што е договорено е натамошно одложување на решението“, рече челникот на AfD и порача дека партијата со сите сили ќе се бори против продолжување на досегашните политики но имигрантите и барателите на азил во Европа.

Од AfD укажаа и на скорешните избори во сојузната земја Баварија каде што оваа партија на ланските сојузни избори на Христијанскот-социјалната унија (CSU), којашто во Бавараија ја застапува демохристијанската опција, ѝ презема многу гласачи. Гауланд ги повафли досегашнито строг курс на CSU против имигрантите, но истовремено тврди дека „CSU ја копира AfD“ и дека „гласачите тоа ќе умеат да го препознаат“.

На дводневниот конгрес на релативно младата AfD, којашто од последните парламентадни сојузни избори првпат е застапен и во Бундестагот, една од најважните теми е и концептот за иднината на пензискиот систем во Германија. AfD се залага за целосна приватизација на пензискиот систем.

Претставниците на десното крило на партијата бараат државни субвенции за пензискиот систем, но само за германските државјани. Почетокот на конгресот на AfD беше проследен со протести на организациите за заштита на човековите права и левичарските синдикати на коишто, според процени на полицијата, се собрале околу 5.000 лица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.