Афера ,,Геодет“: Притвор за двајца, посебни мерки за 17 осомничени

Притвор за две лица за кривични дела –„примање поткуп“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“ во аферата „Геодет“. Оваа одлука ја донесе судијата по претходна постапка по предлог на јавното обвинителство.

Судијата определи и забрана за напуштање на престојувалиште, односно живеалиште, привремено одземање на патна исправа и забрана за преземање на работни активности поврзани со кривичното дело, за девет лица за кривичното дело –„злоупотреба на службена положба и овластување“.

Забрана за напуштање на престојувалиште, односно живеалиште и привремено одземање на патна исправа за еден осомничен за кривично дело – „поткуп“, за еден осомничен за „злоупотреба на службена положба и овластување“ и за шест лица за кривично дело „поднесување на лажни докази“.

Во рамки на акцијата „Геодет“ вчера финансиската полиција уапси 19 лица кои се товарат дека сториле катастарски малверзации тешки 5 милиони евра.

katastar-apsenje-2

Недвижнини од над триста илјади метри квадратни незаконски биле впишани во катастарот а меѓу осомничените 9 мина се актуелни вработени во агенцијата за катастар, двајца  се поранешни вработени, останатите се сопственици на приватна геодетска фирма.

Финансиската полиција утврдила  дека главен организатор на криминалот е 33- годишната Т.Б., до скоро вработена како дипломиран правник во скопскиот катастар, а во шемата биле вклучени и шалтерски работници, поголем број на геодети и тројца раководители.

Според финансиската полиција, криминалот се одвивала на два начина од крајот на 2014 до средина на 2015.

Повеќе за полициската акција на следниот линк.