Афера „Кирија“: МВР поднесе кривична против сопругот на Шекеринска

Се расчистува скандалот со кириите на потпретседателката на СДСМ Радмила Шекеринска , објави порталот Пресс 24.

Како што дознава порталот од полициски извори, нејзиниот сопруг Божидар Јанковски познат како Бобо Дајнерс заработи кривична пријава од МВР за даночно затајување и злоупотреба на службената положба и овластувањата. Според пријавата на полицијата , во периодот од 1 јануари 2009-та до 31.12.2013-та односно во периодот од 4 години, по основ на закуп на станови, Јанковски и неговата мајка во својство на физички лица закуподавци од една страна и повторно пријавениот од друга страна како одговорно лице во Дајнерс Клуб интернационал мак дооел како закупец, склучил повеќе доовори за закуп на станбен простор. Поедноставно кажано, Јанковски склучувал договори за закуп самиот со себе.

kirija-1

Според неофицијалните информации тој за 5 години успеал сам на себе за 3 стана во Скопје и еден во Охрид да си плати неверојатни 338.000 евра кирија.

kirija-2

Наскоро се очекуваат повеќе детали

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.