Афера секс-снимки: Први на удар макроата, водителите и пејачите

Први на удар во истрагата за елитна проституција и компромитирачки снимки со српски политичари кои успеале да дојдат до рацете на тајните служби ќе бидат макроата, пејачите и водителите, објавува српски Курир, а пренесува НетПрес.

Српската полиција започнала со опсежна истрага за елитна проституција и во таа прилика дошла до сознание дека странските служби дошле до тајни порно-снимки на српски анимир-дами со одредени поранешни и сегашни министри.

Според сознанијата, истрагата покажала дека снимките ги доставиле две жени во чии раце е ланец на проституција, првата е поранешна невенчана сопруга на еден од водачите на „Земунскиот клан“, а другата е сопруга на познат бизнисмен.

radovanovic-foto-tanjug-1415052438-586692

Многумина на тапет

„За нив веќе постојат одредени сознанија и први ќе се најдат на удар на надлежните органи. Се проверува поради што странските служби доставиле компромитирачки снимки од српските политичари. Од одговорност нема да можат да побегнат ни водителите ни пејачите кои учестувале во тоа. Сега се утврдува дали тие знаеле дека за се постојат видео записи“, открива изворот на српски Курир.

Нивниот соговорник вели и дека истрага се води и преку макроа кои се познати ТВ водители, а во јавноста се појавуваат со девојки кои им се само параван.

„Водител кој работи на ТВ на национална фрекфенција и често излегува со анимир-дами и ги претставува како свои девојки. Меѓутоа, тој на овој начин ги промовира и тие подоцна завршуваат во рацете на бизнисмените, политичарите…“, додава изворот.

Добривоје Радовановиќ, криминолог, вели дека порно-снимките кога би дошле до јавноста, сериозно би го нарушиле угледот на српските политичари во меѓународната јавност и укажува дека странските служби можат да ги користат за уценување.

Политичарите се лесна мета

„Доколку политичарите кои се на снимките имаат семејства, тогаш тие се подложни на уцени. Тајните служби ги имаат во рака, можат да ги користат за прибавување на документи, врбување, за да им стојат на располагање“, додава тој.

Истрагата за елитната проституција се води во најголема тајност, а меѓу анимир-амите се, според политичкиот список, многу јавни личности, популарна пејачка и нејзина сестра, некогашна манекенка која пистата ја замени со водителската фотелја, но и многу други дами од естрадниот свет.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.