Афера секс-снимки: Прво паѓаат макроа, водителки и пеачки!

Први на ударот во истрагата за елитната проституција и компромитирачките снимки со српските политичари  кои доспеале во рацете на странските служби ќе бидат макроата, пеачките и водителките, објави српски „Кирир“.

Српската полиција почна опсежна истрага за елитната проституциај и дошла до сознание дека странските служби дошле до тајните порно снимки на познати српски дами со поедини поранешни и сегашни министри.

„За двете жени за кои се претпоставува дека ги предале снимките на странските служби веќе постојат одредени сознанија и први ќе се најдат на удар на надлежните органи. Се проверува причината поради која што го сториле тоа. Од одговорност нема да побегнат ниту пеачките и водителките кои учествувале во тоа. Сега се утврдува дали тие воопшто знаеле дека постојат такви видео записи“, открива извор за „Курир“.

Соговорникот на овој портал вели дека истрагата води до макро кој е познат ТВ водител, а во јавност се појавува со девојки, кои се всушност само параван.

„Водителот работи на ТВ со национална фреквенција – често излегува со анимир-дами и ги претствува како свои девојки. Меѓутоа, тој само на таков начин ги промовира и тие подоцна завршуваат во рацете на бизнисмени, политичари…“, неведува изворот за „Курир“.

Криминологот Добривоје Радовановиќ, вели дека доколку порно снимките се објават во јавност сериозно би го нарушиле угледот на тие политичари и дека странските служби би можеле да ги користат за уцени.

Истрагата за елитната проституција се води во најголема тајност, а меѓу анимир-дамите, според полицискиот список, се многу јавни личности, популарна пеачка и нејзината сестра, поранешна манекенка која пистата ја заменила со водителство, но и многу други дами од светот на естрадата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.