Аферата „Чекан“ дојде и до полицијата

МВР ќе спроведе истрага и во полициските редови. Дали гостиварските полицајци ги забошотувале пријавите на граѓаните за насилство закани лихаврството и другите дејствија за кои е осомничена групата во „Чекан“. Но не само полицајците истрагата ќе ги опфати и другите надлежни институции во Гостивар дали и колку им се тргале од патот на осомничените  во „чекан“, пишува Канал 5.
МВР се уште трага по првоосомничениот Фадиљ Арслани, кој вчера се огласи преку порталот „Шкипмедија“ дека не работел криминално не соработувал со другите осомничени а своето богатство го објасни со швајцарска пензија од 5000 франци месечно и надомест од Швајцарија од 300 илјади франци.

Од МВР велат јавно го повикаа – ако е невин да се предаде и да ги покаже аргументите пред надлежните ако му порачаа дека ќе го пронајдат.

Теренската истрага и проверките кај лица за низ Гостивар и околината продолжуваат велат од МВР.

При претрес во кај 59 годишен  Гостиварец  полицајците пронашле 20 грама хероин, 2 грама кокаин, гасен пиштол и муниција. Нема докази дека бил дел од „Чекан“.

Добил пријава за неовластено производство на наркотични дроги и недозволено држење оружје.