Аферата „Фабрика“- доказ за фабрикуваното новинарство на СДСМ

Јавноста не ги заборава низата афери поврзани со медиумите на најголемата опозициска партија СДСМ, пишува Курир.

Во времето на владеење на СДСМ, кога Радмила Шекеринска беше вицепремиер, се случи најголемата афера во македонското новинарство. Скандалозната афера беше наречена „Фабрика“. Тогаш, на неколку метри од зградата на Владата, во една куќарка, се пишуваа текстови, се уредуваа вести и се креираше перцепција во интерес на СДСМ.

За потсетување, со „Фабрика“ раководеше Петар Арсовски и Зоран Јачев од „Транспарентност“ на Слаѓана Тасева. Во аферата Фабрика каде биле ангажирани новинари да фабрикуваат текстови во корист на Владата на СДСМ, беа споменувани многу новинарски имиња меѓу кој и Горан Теменугов, Борјан Јовановски, Сабина Факиќ, Герман Филков и други.

Министерот на СДСМ за внатрешни работи, Томислав Чокревски велеше дека постои административен брак помеѓу новинарите и државата, а перјаникот на СДСМ, Љубомир Фрчковски за македонското новинарство од позиција на министер изјави “наменски се одгледува како печурка во подруми и се храни со гомна”.

Јавноста не ги заборава и раните почетоци за пишувањата на Бранко Героски кој своето искуство го стекнуваше преку редактирање  на полицискиот весник на МВР кој беше под капата на СДСМ, како и на говорот на омраза, на навредливите содржини, на повикот на линч, алузијата за убиство на премиерот, на замолкнување на неистомислениците редовно пренесувани од медиумите на СОРОС и медиумите блиски на СДСМ.

Дополнително, СДСМ и СОРОС преку сегашниот шеф на комуникации на СДСМ а тогаш претседател на ЗНМ, Роберт Поповски, кој организираше протести на новинари платеници на СОРОС со политички предзнак под мото „Овде сме тепајте не“, а сега со цел да ја најави и создаде атмосфера за денешната прес конференција измислија наводна достава на венец во домот на Борјан Јовановски.