Аферата „Платеничка револуција“ на СДСМ открива уште поголема нова фабрика на новинари платеници

Аферата „Платеничка револуција“ открива уште поголема новинарска фабрика составена од новинари платеници кои добивале хонорари од чадорот на невладини организации на СОРОС. Звучни новинарски пера се наоѓаат на платните списоци на соросовите невладини, а во игра биле милионски заработки и хонорари. Токму најгласните новинарски пера против власта се оние кои се офајдиле со хонорари.

Не било доволно што повеќето работат во медиуми финансирани со парите на СОРОС, па тие си добивале и лични хонорари и плати од ваквиот чадор на организации. Десетици новинарски имиња како Бранко Геровски, неговата сопруга Билјана Илиќ, Драган Антоновски, Мухамед Зекири, Герман Филков, Ида Протуѓер, Сашка Цветковска, синот на Ерол Ризаов, Горан Ризаов, Саше Димовски, Зоран Димитровски, Зоран Бојаровски, Мери Јордановска и други, земале хонорари и примања од различни невладини организации.

За возрат, нивниот труд во новинарството е препознатлив по острите напади врз владата, текстови и оркестрирани прилози за кој се докажало дека во најголем дел се невистини, критики и жигосувања, застапување и отворена поддршка на протестите и СДСМ. Шемата која е финансирана со парите на СОРОС не е нова.

За потсетување Македонија има искуство со слична афера, насловена „Фабрика 1“ која се појави во 2004-та година каде тајно, без знаење на нивните редакции, за хонорари од неколку стотици евра месечно, преку агенцијата „Фабрика“ работеле за тогашната Влада на СДСМ, ги подготвувале говорите на тогашниот премиер од СДСМ, како и прес-конференциите, брифинзите и изјавите на неколку министри. Фрапантно и во исто време иронично е што токму дел од новинарските пера кои тогаш беа дел од таа афера сега повторно се појавуваат во улога на новинари платеници и се дел од платеничката револуција на СДСМ.

Герман Филков и Сабина Факиќ од Центарот за граѓански комуникации
Герман Филков и Сабина Факиќ од Центарот за граѓански комуникации

Па така, новинарот Герман Филков кој бил најмен да пишува во 2004-та година за владата на СДСМ, сега повторно си зема дебели пари од соросовите организации. Во 2014-та година Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации инкасирал 1.354,022 денари, а минатата година од истата организација заработил неверојатни 1.420,425 денари.

Исто така…