Аферата „Платеничка револуција“ на СДСМ открива уште поголема нова фабрика на новинари платеници

Исто така и новинарката Сабина Факиќ која беше дел од сдсмовската фабрика во 2004-та година, таа сега е дел и од аферата платеничка револуција. Таа во 2015-та година од  соросовиот Центар за граѓански комуникации инкасирала 1.328,172 денари.

Антоновски на трибините на СДСМ пред Влада
Антоновски на трибините на СДСМ пред Влада

Пари земал и новинарот Драган Антоновски, кој верувале или не последно во јавноста говореше за етика во новинарството и дел од т.н. Совет за етика. Тој од Центарот за развој за медиуми инкасирал 56.433 денари.

Героски и сопругата на студентските протести
Героски и сопругата на студентските протести

Неизбежно, кога станува збор за СОРОС е и името на Бранко Геровски, кој е главен уредник на порталот Плус Инфо, и на весникот Слободен печат. Освен тоа што не се крие финансиската поддршката која СОРОС Македонија ја има кон неговите медиуми, тој во 2014-та година си инкасирал и личен хонорар од по 5.846 денари од соросовиот НВО Инфо Центар. Тоа не било доволно, па неговата сопруга Биљана Илиќ Геровска од Центарот за развој на медиуми инкасирала 48.000 денари, а во друг наврат претходно по нови 7.290 денари.

Статус на Писарев на Фејсбук
Статус на Писарев на Фејсбук

Поранешниот новинар, а сега вработен од една од соросовите организации – ФОРУМ ЦСИД, Александар Николиќ Писарев, инкасирал 901.986 денари за последните две години, а пари земал и од Пактис Центарот, како и од Плоштад Слобода во висина од 35.871 денари. Дополнително во 2014-та година инкасирал пари и од соросовата Цивил во висина од 22.079 денари.

Саше Димовски
Саше Димовски

Во платеничката револуција е дел и новинарот на Фокус, Саше Димовски, кој минатата година освен приходите од плата, земал 60.000 денари од Македонско здружение за млади правници и дополнителни 52.802 денари од Центарот за развој на медиуми. Тој во 2014-та година пари земал повторно од македонското здружение за млади правници како и хонорари од Центарот за развој на медиуми.

Минатата година новинарот Владе Ѓорчев земал  627.599 денари и уште еден хонорар од 12.582 денари од соросовата организација Метаморфозис. Во истата дружина е и новинарот  Владо Апостолов кој минатата година земал по 7.290 денари од Центарот за развој на медиуми, и имал повеќе исплати од по 16.990 денари од соросвата ФОРУМ ЦСИД, исплати кои во различни износи продолжиле и минатата година.

Ида Протуѓер, Оливера Трајковска, Санта Аргирова, Среќко Поповски, Билјана Секуловска и Менче Атанасова Точи бараа оставка од Груевски.
Ида Протуѓер, Оливера Трајковска, Санта Аргирова, Среќко Поповски, Билјана Секуловска и Менче Атанасова Точи бараа оставка од Груевски.

Дел од аферата…