Африка нов рај за козметичките гиганти

Потпирајќи се на забрзаниот економски раст на африканскиот континент и се’ побројната средна класа, козметичките гиганти како што се „Лореал“, „Унивелер“ и „Проктер и Гембл“ имаат амбициозни цели за африканскиот пазар, кој според проценките, годишно бележи раст од околу 10 отсто, и во 2017-тата година ќе вреди повеќе од 10 милијарди евра.

Според податоците на истражувачкиот центар „Роланд Бергер“, африканскиот континент во 2017-тата ќе биде населена од 1,2 милијарди луѓе, од кои 300 милиони ќе и’ припаѓаат на средната класа, благодарение на која пазарот на средства за хигиена и убавина ќе вреди 10,5 милијарди евра, од кои половина и’ припаѓаат на Јужна Африка и Нигерија, пишува францускиот весник „Еко“.

Соочени со конкуренција од Кина и Индија, водечките западни козметички компании ќе вложат големи напори да ја освојат новата африканска средна класа.

Така, козметичката компанијата „Проктер и Гембл“, која својата активност ја фокусира на пазарите на Јужна Африка и Нигерија, планира продажбата да ја зголеми за дури четири пати во следните три години.