Африканската унија ќе побара мандат од ОН против „Боко харам“

Африканската унија може да побара мандат од ОН за формирање воени сили за борба против нигериската група „Боко харам“, но пред тоа треба да започне своја сопствена воена операција за борба против екстремистите, изјави претседателот на Гана Џон Манама, пишува МИА.

Западноафриканските лидери ќе побараат Африканската унија на средбата на врвот идната седмица мандат за составување мултинационални сили, но до нивно формирање ќе поминат месеци, рече Манама, кој е и претседател на ЕКОВАС (Економска заедница на Западноафриканските држави).

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.