понеделник, 22 мај 2017  |  Вести денес: 35

Агенцијата „Марили“ го промовираше бизнис-клубот на жени менаџери

Во присуство на околу 100 гости се промовираше новото заштитно лого на клубот.

1

Последни вести

Во Хотел „Елса“ во Скопје, во средата, се одржа промоцијата на „Марили бизнис клуб“ на жени менаџери. Во присуство на околу 100 гости се промовираше новото заштитно лого на клубот.
Официјални гости на промоцијата беа претставници од министерството за економија, од Амбасадата на Кралството Шведска и од амбасадата на Германија.
Свое обраќање имаше Лидија Трипуноска, генерален менаџер на агенција „Марили“ која истакна дека клубот го сочинуваат жените менаџери што биле дел од манифестациите на агенцијата „Марили“ во изминативе 20 години.

Лидија Трипуноска, генерален менаџер на агенција „Марили“

Лидија Трипуноска, генерален менаџер на агенција „Марили“

Манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери од Македонија и од дијаспората“ годинава одбележа јубилеј, и токму менаџерките од овој јубилеј како и менаџерките кои учествуваа во хуманитарната донација од 2014 година насловена „Жените за жените“, беа гости, но и станаа членови на клубот.

2Им се доделија значки на овие жени но и на почесните членови на клубот. Во своето обраќање Трипуноска истакна дека целта на клубот е да ги поврзе и да им овозможи подобра деловна соработка на жените менаџери од манифестациите, да разменуваат свои искуства и практики но истовремено и да се едуцираат во рамките на клубот, и да работат тематски работилници, дискусии и дебати.

Хуманоста останува една од главните заложби на клубот, да се прават хумнитарни проекти посветени на здравјето на жената, на социјално загрозените групи на жени, на болните деца и да децата без родителска грижа. Клубот има задача да се вмрежува и со другите асоцијации и здруженија на жени во бизнисот од РМ, од регионот но и од Европа и светот.

На промоцијата свое предавање од областа на бизнис психологијата одржа и Г-ѓа Марина Анчевска, генерален менаџер на „Центар за бизнис психологија“ – Скопје, и говореше на темата „И во Македонија е возможно!“.

Најчитани вести