петок, 24 март 2017  |  Вести денес: 48

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осуди насилството врз новинарите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги преку писмено соопштение денес го осуди насилството врз новинарите за време на вчерашните протести.

protesti-1

Поврзани вести

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги преку писмено соопштение денес го осуди насилството врз новинарите за време на вчерашните протести.

Во соопштението посочуваат дека ваквите чинови се директен напад врз слободата на медиумите и правото на јавноста да биде информирана.

Ги повикуваме сите страни инволвирани во протестите да ги остават новинарите непречено да ја извршуваат својата работа, која е од исклучителна важност во вакви значајни општествено – политички мигови. Истовремено, очекуваме новинарите и медиумите да покажат професионална одговорност и да ги почитуваат новинарските принципи и стандарди при известувањето, се вели во соопштението.

Инаку во вчерашните насилни протести пред Народната канцеларија на претседателот Иванов и пред Министерството за правда беа повредени еден новинар и еден фоторепортер, а 12 лица се приведени.

Најчитани вести