Агенцијата за храна и ветеринарство доби сертификат за управување со квалитет

Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија го доби ISO 9001:2008 сертификатот за управување со квалитет, што претставува значаен меѓународен сертификат.

„Придобивките од воведувањето на стандардот ISO 9001:2008 во работењето е од големо значење за Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија, бидејќи тоа ќе придонесе институцијата да добие додадена вредност во однос на квалитетот на услугите што ги нуди, а воедно со системска контрола ќе се подобри ефикасноста и ефективноста на работењето се со цел да бидат задоволени потребите и очекувањата на бизнис операторите и на граѓаните, кои се корисници на нашите услуги“ , стои во соопштението.

ahv_tekst

Од Агенцијата информираат дека процесот за воведување на ISO 9001:2008 стандардот за квалитет почна со имплементација кон крајот на април 2014 година, по што во периодот од 22 и 23 декември 2014 година беа спроведени сертификациски проверки од страна на сертификациското тело МКС.

По спроведените проверки на имплементираниот Систем за менаџмент со квалитет, Агенцијата за храна и ветеринарство доби потврда за усогласеноста со барањата на ISO 9001:2008 стандардот за управување со квалитет.

ahv_text_2По успешната сертификација, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија изјави дека имплементираниот Систем за квалитет во организација постојано ќе се унапредува се со цел на најдобар начин да се управува со квалитетот во институцијата.

– Со воведувањето на ISO 9001:2008 стандардот за квалитет, Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија уште повеќе го зацврстува своето реноме како институција која гарантира безбедна и квалитетна храна за луѓето, безбедна храна за животните, дека се добиваат квалитетни услуги и дека се грижи за здравствената заштита и благосостојбата на животните, изјави директорот Зоран Поповски.

Државниот советник за храна и Менаџер за квалитет, Радмила Јовановиќ Николовска рече дека Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија ќе продолжи да го унапредува своето работење, преку подготовка на инспекциските одделенија во институцијата за акредитација со стандардот ISO/IEC 17020.