Македонија

Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи доби нов директор

Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи доби нов директор

Д-р Елизабета Зисовска е избрана за нов директор на новоформираната Агенција за квалитет и акредитација на здравствените установи на вчерапната Владина седница.

Во надлежност на новоформираната Агенција за квалитет и акредитација на здравствените установи во Република Македонија, е развивање систем за акредитација усогласен со европската и меѓународната пракса од оваа област, како и спроведување едукација од областа на квалитетот на здравствената заштита и акредитацијата, утврдување на стандарди за акредитација на здравствените установи, процена на квалитетот на укажаната здравствена заштита на пациентите, акредитација на здравствените установи, рангирање на здравствените установи, и издавање сертификат за акредитација.