Македонија

Агенцијата за млади и спорт го доби сертификатот за воведување на ИСО 9001:2008 стандардот

Агенцијата за млади и спорт го доби сертификатот за воведување на ИСО 9001:2008 стандардот

Агенцијата за млади и спорт го заврши процесот на воведување ИСО 9001:2008 стандардот во своето работење, со што ќе се придонесе за значително подобрување на ефикасноста во управувањето со внатрешните процеси и испораката на услуги кон крајните корисници. Сертификационата куќа ТУВ Австрија ја изврши сертификацијата на Агенцијата за млади и спорт. Овој стандард е дел од ИСО 9000 групата на стандарди кои се однесуваат на имплементација на најдобри практики во управувањето со квалитет во една организација.

Агенцијата за млади и спорт ја започна имплементацијата на овој стандард минатата 2013 година и на почетокот на 2014 година системот беше ставен во функција со стандардизираните процедури кои вработените треба да ги применуваат во секојдневното работење.

Имплементираните ИСО процеси и процедури опфатија голем опсег од работењето на Агенцијата, вклучувајќи ги областите на стратешко и тековно планирање, реализирање на внатрешните процеси во работењето на институциајта, услугите кои институцијата ги дава на своите корисници и следење и подобрување на работењето.

Сертифицирањето е дел од постојаните напори за реформа на јавната администрација и подобрување на нејзината ефикасност и  ефективност.ИСО 9000 групата стандарди претставува меѓународен консензус на добри практики за правилно управување со квалитет. Тој се содржи од стандарди и прирачници во врска со системите за управување со квалитет и соодветните стандарди за поддршка. Определбата за сертификација на систем за управување со квалитет согласно ИСО 9001 од страна на акредитирано сертифицирано тело ја покажува посветеноста на секоја организација кон квалитетот, корисниците и клиентите.