Агенцијата за странски инвестиции бара економски промотори

Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, преку оглас бара да ангажира високо квалификувани,  динамични професионалци со богато работно искуство,  кои се подготвени да се соочат со предизвикот и несебично да ги вложат сите свои знаења, вештини,  способности и енергија во интензивна промоција на ресурсите и потенцијалите на Македонија како атрактивна бизнис.
Агенцијата ги поканува сите заинтересирани лица да се пријават на објавениот:

ОГЛАС
ЗА ПРОЈАВУВАЊЕ НА ИНТЕРЕС ЗА ЕКОНОМСКИ ПРОМОТОРИ

За работа во:

– Единбург (Шкотска),  Обединето Кралство-1 извршител,
– Франкфурт,  Германија -1 извршител

Кандидатите кои ќе се јават на Огласот треба да ги исполнуваат следните услови,  и тоа:

– Висока стручна спрема;
– Релевантно работно искуство од најмалку две (2) години по завршување на високото образование;
– Одлично познавање на англискиот јазик;
– Познавање на јазикот од говорното подрачје на земјата во која аплицира;
– Способност за презентација,  комуникациски вештини и тимска работа;
– Способност за покренување иницијатива,  проактивност и работа под притисок.

НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ:

Заинтересираните кандидати задолжително треба да ги достават следните документи:

– Мотивациско писмо (треба да содржи максимум 500 зборови. Во мотивациското писмо задолжително да биде наведено за која земја или земји се аплицира)
– Резиме (СУ) со кратка биографија
на следниот е-маил: ekonomski_promotor@investinmacedonia.com  или по пошта или директно во архива на следната адреса:
Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот
на Република Македонија ул. Никола Вапцаров бр. 7 1000 Скопје,  Република Македонија

Кандидатите кои се заинтересирани и се пријавуваат потребно е да веруваат во сопствениот капацитет,  да поседуваат вештини за тимска работа и да се подготвени за темелна посветеност,  силен ангажман и предизвици во периодот на спроведување на значајни структурни реформи во земјата и остварување на политиките на Владата на Република Македонија.

Предност ќе имаат оние кандидати кои што имаат работно искуство во соодветната земја или една од земјите за која конкурираат или го стекнале образованието во истата и/или одлично познавање на официјалниот или деловниот односно еден од јазиците од говорното подрачје на земјите за која се аплицира.

Се охрабруваат сите кандидати кои ги исполнуваат условите да се јават на овој оглас. Апликациите ќе бидат разгледувани од страна на стручна,  независна комисија. Сите кандидати имaат ЕДНАКВИ шанси да бидат избрани.

Рокот за пријавување на заинтересираните кандидати е заклучно со 31.10.2014 година.
Напомена: Пројавувањето на интерес на кандидатите за работа како економски промотери не подразбира нивно вработување. Агенцијата на овој начин сака да увиди колкав е обемот на заинтересирани лица кои имаат желба да бидат ангажирани за работа во овие земји