Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија потпишаа Меморандум за соработка со инвестициската компанија Afrasia Development Corporation S.A.

Денеска, во просториите на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија беше потпишан Меморандум за разбирање помеѓу Агенцијата и Afrasia Development Corporation S.A., инвестициска компанија со седиште во Женева.

Afrasia Development Corporation S.A. активно работи во делот на финансирање и менаџирање на капитални стратешки проекти од областа на енергетиката, туризмот, транспортот и автомобилската индустрија.

Со потпишаниот Меморандум за разбирање се воспостави рамка за идна соработка на проекти од споменатите економски области меѓу Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија и Afrasia Development Corporation S.A., која што има огромно искуство и работи во партнерство со глобални институционални инвеститори