Агенцијата за вработување отвори канцеларија во општина Аеродром

Агенцијата за вработување на Република Македонија (АВРМ) денеска отвори дисперзирана канцеларија на Центарот за вработување на град Скопје во општина Аеродром.

Како што велат од АВРМ, дисперзираната канцеларија е отворена со цел да се доближат услугите на Агенцијата до невработените лица и работодавачите.

Локацијата на канцеларијата на Центарот за вработување на град Скопје е на бул. „Јане Сандански“ бр. 48/1-1 (зад поранешен Мекдоналдс).