Агент на ЦИА ја убил Мерилин Монро бидејќи спиела со Кастро

Седумдесет и осумгодишниот пензиониран агент на ЦИА, Норманд Хоџис, кој бил примен во една американска болница, признал дека работејќи за Американската разузнавачка агенција, по нивен налог убил вкупно 37 лица, вклучувајќи ја и дивата Мерилин Монро.

Хоџис, кој за ЦИА работел 41 година како “чистач”, односно професионален убиец, тврди дека бил ангажиран да ги ликвидира сите оние, за кои агенцијата сметала дека претставуваат опасност по државната безбедност.

Снајперистот и експерт по боречки вештини вели дека усовршил неколку неконвенционални видови на ликвидација, вклучувајќи и работа со експлозив и труење.

Хоџис тврди дека, иако е веќе во години, многу добро ги помни сите убиства кои ги извршил, дека неговите жртви настрадале во САД, а дека наредби за ликвидации добивал од мајор Џејмс Џими Хејворт.

agent

Старецот се колне дека сите убиства ги извршил во периодот од август 1959-тата до март 1972-та година, според посебна “агенда на ЦИА” која важела во тоа време. Како што вели, тој бил член на мала “ќелија” составена од пет лица кои биле задолжени за политички ликвидации ширум САД. Нивните жртви биле политички активисти, новинари и синдикални лидери, но Хоџис наведува дека убил и неколку научници и уметници, чии идеи претставувале закана по безбедноста на земјата.

“Мерилин Монро на мојот список е единствена бидејќи е единствената жена која сум ја ликвидирал”, рекол овој платен убиец на ЦИА и додал дека не се кае поради тоа убиство.

“Кога стана опасна по безбедноста на САД, мораше да биде елиминирана”, вели Хоџис.

“Имавме докази дека Мерилин Монро, освен со Кенеди, спиела и со Фидел Кастро”, тврди тој и додава:

“Мојот шеф, Џими Хејворт, ми рече дека таа мора да умре, а дека тоа треба да изгледа како самоубиство или предозираност со лекови. Никогаш порано не сум убил жена, но ја прифатив наредбата. Тоа го направив за Америка! Таа можеше да пренесе доверливи информации до комунистите, а тоа не смеевме да го дозволиме! Таа мораше да умре, а јас само ја извршив мојата должност”, вели овој професионален убиец.

merilin

Мерилин Монро умрела ноќта на 5-ти август во 1962-та година, помеѓу полноќ и еден часот наутро. Хоџис се колне дека лично влегол во нејзината соба додека спиела, и во вените и инјектирал голема доза на хлорхидрат помешан со “нембутал”, што било смртоносен микс за актерката, пренесува WolrdNewsDailyReport.

Откако овој старец се исповедал за своите гревови, иако е во тешка здравствена состојба, него и во болницата константно го чуваат агенти на ФБИ, кои многу сериозно ја сфатиле неговата приказна и ги истражуваат неговите наводи.

Меѓутоа, проблем претставува тоа што сите останати актери од неговата приказна се веќе мртви. Неговиот претпоставен, шефот Џејмс Џими Хејворт, умрел од срцев удар во 2011-тата година. Останатите четири члена од неговата “ќелија” се исто така мртви.