Агентот на Неимар јавно го нападна Луис Филипе Сколари

Вагнер Рибеиро, агентот на најголемата ѕвезда во репрезентативниот дрес на Бразил, Неимар, јавно го нападна актуелниот селектор на Бразил, Луис Филипе Сколари кој според него е најголем виновник за срамниот пораз од Германија во полуфиналната рунда од јубилејното 20. Светско првенство.

“Ќе ви набројам неколку факти, така ќе добиете појасна слика за Луис Филипе Сколари. Како прво, Сколари беше селектор на Португалија и не освои ниту еден пехар. Како второ, беше менаџер на Челзи и после неколку месеци го доби заслужениот отказ. Како трето, работеше како тренер во Узбекистан. Четврто – се врати во Бразил, беше именуван за тренер на Палмеирас, а на крајот од сезоната неговиот тим испадна од елитното друштво. Како петто – го напушти Палмеирас пред да заврши сезоната за да после изјави дека не е виновен за преселбата во брзилската Втора лига. И како шесто – Сколари е арогантна личност, одбивна личност, посесивна, смешна и премногу стара за да биде селектор на Бразил”, изјави Рибеиро.